Соопштение за јавност
Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на трибина во Ресен, вечерва порача дека интеграциите во ЕУ и НАТО создаваат нови шанси за младите, за демократски и европски дом во сопствената татковина.
„Со Преспанскиот договор го сочувавме идентитетот кој сега е и меѓународно гарантиран. Затоа добивме покана за НАТО. Во 2018 година, за само 6 месеци влегоа рекордни 625 милиони евра што е двојно поголемо од најдобрата инвестициска година. Ако минатата година беше година на интеграции, оваа е година на економски развој, поголеми плати и повеќе пари кај граѓаните. Гаранцијата за млади дава резултат, веќе се вработени 1.800 млади во само три општини. Затоа е важно заедно да продолжиме, да создадеме нови шанси за младите, демократски и европски дом“, рече Пендаровски.
На овие избори, рече, ќе се судрат два главни концепти, едниот, кој вели дека ќе поништат се што постигнавме.
„Тоа значи блокада према НАТО и ЕУ. Тоа ќе значи нови тензии на Балканот.Ако некој на 21 април го заокружи бројот два на Гордана Сиљановска, тоа значи глас за трет мандат за Ѓорге Иванов, човекот кој 8 години молчеше за сите зулуми на претходната власт на Груевски, а последните две години кочи се што правеше оваа Влада.“, додаде Пендаровски.