Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ во текот на утрешниот ден ќе биде на средби со граѓаните на Сарај, Чаир, Кисела Вода, и Карпош.
Во текот на утрешниот ден (07.04.2019, недела), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски во 11.00 часот ќе одржи средба со пензионерите во Дом на АРМ.
По средбата со пензионерите, во 12.15 часот ќе учествува на Базар “Youth Fest” и трибина со млади “Get up, stand up” во Фоаје на МОБ.
По трибината со млади, Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Сарај во 15.00 часот, во централното подрачје на с.Шишево, а во 16.30 часот, ќе учествува на трибина со граѓани во општина Чаир во Сала “Шабан Трстена” на која ќе се обрати и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
По средбите со граѓаните на општините Сарај и Чаир, во 19.00 часот во Сала “Архиепископ Доситеј” Пендаровски ќе учествува на граѓанска трибина во Кисела Вода.
Во 20.30 часот, во Сала “Forza” во општина Карпош, ќе се одржи отворена трибина со граѓаните.
(пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски).
Центар за комуникации со јавноста
Социјалдемократски сојуз на Македонија