fbpx

Стево во Центар: Пријтелствата носат економски придобивки, денешната посета на Ципрас е доказ за исправноста на политиките

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За само две години успеавме да ја извадиме државата од калта и да ја поставиме на прав пат кој води кон напредок и интеграција, порача заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на отворена трибина со граѓаните на општина Центар.

– Денешната посета на Скопје на целиот државен врв на Грција, придружуван од 100 стопанственици, што се случува за првпат во 28 години е доказ за исправноста на политиките на Владата и доказ за успешноста на намерата, државата да биде дел од нормалниот демократски свет. Тоа е патот на кој две години покажуваме. Пријателствата носат економски придобвики за сите граѓани, порача Пендаровски.

 

Во разговорите со присутните, Пендаровски истакна дека државата нема алтернатива освен да продолжи напред по патот на интеграција, напредок и интеграција.

– Се друго е враќање назад во темното минато, во кое никој не би сакал да се врати. Затоа, да ја искористиме шансата, да продолжиме напред, заедно напред, повика Пендаровски.

 

 

 

 

 

 

 

Последни вести