fbpx

Наместо да измислува непостоечки сценарија, Мицкоски нека одговори за фирмата на неговиот баџанак

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажни вести, продолжува со креирање на измислени и непостоечки случаи.

Јавноста сеуште чека одговори од Христијан Мицкоски за фирмата на неговиот баџанак.

Наместо да се крие Мицкоски да каже кој е неговиот личен интерес од фирмата на неговиот баџанак Јорданчо Јанев , „Дано Транс ЕООД“.

Мицкоски да каже и за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Васил Пишев кои имаат фирми во Бугарија, отворени исто така во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку повеќе се приближува датумот на престојните претседателски избори , толку повеќе расте нервозата кај Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

Во отсуство на идеја, програма и план, немајќи што да понуди на граѓаните, Мицкоски го тера неговото познато сценарио на креирање лажни вести.

Скопје, 30.03.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести