fbpx

За ВМРО-ДПМНЕ амнестијата на криминалот е поважна од правдата, заврши времето кога белиот дворец даваше насоки на обвинителството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека е за одбрана на криминалот, против правдата и против напредокот на државата.

Со несериозниот и неодговорен однос во процесот на носење на Законот за јавното обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека амнестијата на сторители на сериозни кривични дела од редовите на нивната партија им е поважна од правдата, од реформите, напредокот и иднината на државата.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ работи против реформите и не сака независно и професионално обвинителство. Затоа, наместо конкренти амандмани и предлози за законскиот текст за Јавното обвинителство, тие поднесуваат некакви „Принципи и насоки на ВМРО-ДПМНЕ во донесувањето на Закон за Јавното обвинителство“.

Заврши времето кога од белиот дворец се испраќаа насоки за работата на обвинителствата и судовите, кога се нарачуваа и монтираа пресуди и случаи.

Денес, во Република Северна Македонија судовите и обвинителствата работат слободно и независно во согласност со законските надлежности, а законите важат за сите и секој кој направил каков било прекршок треба и мора да одговора.

Колку и да не му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство на откривање и расчистување на случаи поврзани со висока корупција, мора да продолжи со предистражните постапки и обвиненија коишто се покренати и по 18-те месеци по предавањето на материјалите.

Новиот Закон за јавно обвинителство е најсоодветното решение и треба да се имплементира без одолговлекување, бидејќи е во интерес на правдата, граѓаните и државата.

Скопје, 22.03.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести