Соопштение за јавност
Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, вчера беше помеѓу граѓаните на Гевгелија, каде учестуваше на граѓанска трибина со младите.
Пред присутните, Пендаровски зборуваше за придобивките и перспективите кои се отвораат со членството во ЕУ и НАТО за младите, можноста за нови, поголеми инвестиции, отворањето нови работни места и подобри услови за сите.
– Се кандидирам за претседател за да водам напред. Мојот концепт нуди обединување, заедништво и напредок. Државата конечно тргна по вистинскиот пат, подготвен сум да водам заедно да продолжиме по патот на напредокот. Се обврзувам за доброто на граѓаните, за доборото на младите. Со интеграциите, создаваме можности за младите дома, отвораме перспективи, шанси за подобро образование, работа, пракса. Го гледаме тоа овие денови, инвестициите растат, повеќе пари завршуваат кај граѓаните, се отвораат нови и подобро платени работни места. Со полноправното членство тоа дополнително ќе се интензивира – пососчи Пендаровски.
Не смееме да ја изгубиме оваа шанса. Конечно излеговме од изолација, нема веќе враќање назад, ги отворивме европските перспективи и чекориме рамо до рамо со демократскиот свет, – порача Пендаровски од Гевгелија.