fbpx

Мицкоски, твојата одбрана на насилствата од 27-ми април говорат за тебе, за поделбите и омразата што ја шириш ќе ценат граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Одбраната на насилствата од 27-ми април и обидот да се релативизира обидот за убиство, линч, за рушење на уставниот поредок и демократијата, говорат за матрицата на Христијан Мицкоски.

Тој е ист као Никола Груевски. Неговите изјави немаат никаква врска со правото, затоа што согласно правото за насилство следува одговорност.

Кога зборува за нарачки Мицкоски во суштина мисли како да ја дефокусира јавноста она што на сите им е јасно дека нарачките на насилствата од 27 април доаѓале од врвот на неговата ВМРО-ДПМНЕ.

За поделбите и омразата што ги шири Мицкоски ќе ценат граѓаните.

Скопје, 16.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести