fbpx

Криминалната ДПМНЕ проневерувала пари и од европски фондови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ е криминална партија, која освен што ги крадела граѓаните, правела проневери и со пари од европски фондови.

Последен доказ е случајот на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) која констатирала неправилности и сега препорачува државата да ги врати парите, за проект во министерството за земјоделство од 2015 година вреден 660.000 евра.

Ова се случувало во време кога премиер бил Никола Груевски, а негов советник за енергетика Христијан Мицкоски.

Актуелното раководство на Министерството за земјоделство до надлежното обвинителство достави конкретен предмет со конкретни правни дејства.

Обвинителството за гонење организиран криминал да постапи по овој случај и низ законска, судска постапка да бидат санкционирани сите за кои ќе се докаже дека се виновни, а потоа и парите да бидат вратени.

Овој случај на криминал освен што го има оштетено државниот Буџет, фрла дамка и врз репутацијата на нашата држава, која последниве години е лидер во регионот во искористеност на средствата од ИПА Програмите.

Последни вести