Соопштение за јавност
ДПМНЕ не е ништо освен криминална партија која дејствува на штета на граѓаните и на државата.
Последен пример за тоа е случајот што Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) го отвори за проект од 2015 година, вреден 660 000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Таму, нотирани се низа неправилности, а на државата ОЛАФ и препорачала да ги врати парите.
Во периодот кога се случиле неправиилностите, Владата е предводена од ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски, а меѓу неговите советници бил и денешниот шеф на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ДПМНЕ и поединци од таа партија и таа влада, освен што краделе од граѓаните, за што има и правосилни судски пресуди, проневерувале пари и од европски фондови.
Од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. до обвинителство е доставен конкретен предмет по кој Обвинителството треба да постапи.
Низ отворена судска постапка, виновниците треба да се лоцираат и санкционираат, а ДПМНЕ да ги врати проневерените пари.