Соопштение за јавност
Ајде Мицкоски. Јавноста сега очекува да го види интегритетот твој и на ВМРО-ДПМНЕ.
Повикај ги сите свои роднини, како и сите роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои работните
места ги добиле поради влијанието на нивните блиски, да се повлечат од работните места.
Ајде расплети го јазолот на партиски вработувања во периодот додека твојата партија имаше апсолутна власт.
Повикај го твојот прв братучед Горан Манасиевски, да си даде отказ од работното место во ЕЛЕМ турс.
Доколку Мицкоски не побараш од лицата да ги напуштат своите работни места, добиени само затоа што се твои
роднини и соработници, ќе се докаже дека си неискрен, неодговорен и несериозен пред граѓаните.
Скопје, 23.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА