fbpx

Мицкоски е адресата за прашањата за непотизам, се проверуваат вработувањата, ќе има одговорност ако има какви било пропусти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вистинската адреса на која ВМРО-ДПМНЕ треба да постави прашања за непотизам е нивниот лидер Христијан Мицкоски кој треба да им одговори како од толку многу професори на Машинскиот факултет, тој станува асистент токму кај неговиот татко со кого и заедно пишувале книги и учебници?

Како Мицкоски добил бизниси со хидроцентрали од владата на Никола Груевски кадешто бил советник?

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги партизираше сите државни и јавни претпријатија, а од институциите правеше партиски штабови. Тоа време е зад нас и нема да се повтори.

СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика.

Како што е веќе најавено ќе се испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор, како и на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана.

Доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување, или влијанија, ќе бидат преземени соодветни мерки.

Секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да влијае на вработувања.

Деполитизирана и департизирана администрација значи вработување спроед мерит систем, а не според политика или партиска припадност.

Скопје, 18.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести