Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски не престанува да лаже, со лажната загриженост и лицемерие кон граѓаните и земјоделците.
Проблемите за кои Мицкоски денеска глуми загриженост се резултат на погубните и криминални политики на неговата ВМРО-ДПМНЕ оставени од пред неколку години.
Тоа е времето кога Мицкоски тераше бизниси со хидроцентрали и му беше советник на Груевски.
Проблемот со неплатените побарувања од минатото ќе биде решен од оваа Влада, во корист на лозарите.
Лаже Мицкоски и за акцизите. Сите лозари кои произведуваат домашна ракија за домашни потреби до 200 литри чист алкохол или 400 литри или 500 литри вино се ослободени од акциза.
Оние лозари кои ке произведат од 200 до 1.000 литри чист алкохол или околу 2.000 литри домашна ракија ќе платат 30 денари за литар акциза и воедно се регистрирани како производители од мал обем.
Мицкоски не нуди ништо освен блокади, деструкција, лаги и лажна загриженост.
Но бадијала, фатен е Мицкоски во сите негови лаги, поразен од граѓаните за сите блокади
Скопје, 31.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА