Соопштение за јавност
-Донесовме 9 пакети анти-кризни мерки, од 2020 до 2023 година, во износ од 2.6 милијарди евра, најголеми во регионот. Ова е уште една потврда дека СДСМ бил и е секогаш прв кој застанува до народот и кој ги разбира потребите на граѓаните, рече потпретседателката на веверашната трибина „Повеќе за сите“ на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Таа додаде дека мерките даваат резултати и придонесле успешно се справи државата со сите кризи, почнувајќи од Ковид кризата, кризата со струјата која донесе и економски предизвици.
-Креираме политики за секој, од најмладите до највозрасните – пензионерите. За приватниот и за јавен сектор. Со СДСМ секој добива повеќе и тоа е реалност. Со новиот пакет антикризни мерки обезбедивме 17 милиони евра за 120 илјади ученици и студенти. 70 илјади ученици од основно, 6 месеци ќе земаат по 1.200 ден, 35 илјади ученици од средно, 6 месеци ќе добиваат по 1.800 денари и за 15.000 студенти обезбедивме за 7 месеци по 1200 денари, средства наменети за превоз, посочи Костадиновска-Стојчевска.
Таа истакна дека успешните политики и резултати со мотиваност и со позитивна енегија која владее во редовите на СДСМ, јасно укажува дека СДСМ ќе биде победник на изборите следната години.
-Двојна победа на СДСМ на претстојните избори, бидејќи граѓаните знаат дека со СДСМ има повеќе за сите, со СДСМ државата оди напред и со СДСМ иднината е извесна за сите, порача потпретседателката Костадиновска-Стојчевска.