Соопштение за јавност
Двојна победа на претстојните парламентарни и претседателски избори најави вечерва во Прилеп, лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, говорејќи на трибината „Повеќе за сите“.
– Оваа мотивираност, оваа победничка енергија што ја гледам вечерва во Прилеп, како и на сите наши трибини досега, најавува извесна победа на СДСМ. Победа на претседателските и победа на парламентарните избори наредната година. Тоа ќе биде двојна победа за просперитетна, економски напредна, европска Македонија!“, рече лидерот на СДСМ, Ковачевски, додавајќи дека во наредниот мандат ќе продолжи растот на платите и пензиите уште повеќе, ќе продолжи економскиот раст, инвестиците, а со членството во ЕУ, платите и пензиите ќе бидат за 70% поголеми од она што се денеска.
„Победничката програма којашто ја подготвуваме ќе значи уште повеќе и за граѓаните и за државата. Кога велиме дека со СДСМ секој добива повеќе, не мислиме само на антикризните мерки и на оваа историски најголема финансиска поддршка за граѓаните. Доколку се спореди со времето на ДПМНЕ нема сегмент во којшто СДСМ нема подобар резултат, и тоа драстично подобар. Изборот е јасен, напредок и членство во ЕУ со СДСМ, или изолација и стагнација со ДПМНЕ.
Граѓаните немаат нови години за губење во изолација, неизвесност и стагнација“, нагласи лидерот на СДСМ, Ковачевски и додаде:
„Со глас за проевропската коалиција предводена од СДСМ на претседателските и на парламентарните избори граѓаните избираат членство во ЕУ, повисоки плати и пензии, растечка економија, напредок и сигурна иднина. Заедно ќе успееме. Ние во СДСМ знаеме дека луѓето се нашата предност и нашата сила и дека сите вложувања и дома и во надворешна политика, европскиот пат се влог во луѓето и за да ни останат децата дома. Заедно ќе ја однесеме земјата во Европската Унија и ќе обезбедиме европска иднина за нашите деца“, порача лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Повеќе за сите“ која се одржа во Прилеп.