fbpx

Ковачевски: СДСМ враќа пари кај граѓаните а ДПМНЕ правеше споменици, тоа се приоритетите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Бројките во секој сектор, во секој сегмент, се јасни, СДСМ има неколкупати подобри економски резултати споредбено со ДПМНЕ. Драстично подобар.” истакна претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите” во Кавадарци.

И тоа не се само платите, пензиите, инвестициите, вработеноста, енергетиката, посочи Ковачевски, секаде, во секој можен сегмент, економски, социјален, политички, демократски.

СДСМ врати 2,6 милијарди евра кај граѓаните. Само со една мерка, МОЈ ДДВ СДСМ врати над 110 милиони евра назад кај граѓаните.
„Паметите ли макар една мерка од ДПМНЕ за враќање пари? Не паметите не затоа што немате добра меморија, затоа што нема. ДПМНЕ не враќаше пари кај народот, тие грабаа само за себе. Тоа е суштината разлика помеѓу нас СДСМ и ДПМНЕ. Додека ДПМНЕ имаше други приоритети, правеа споменици, лавови, жални врби во Вардар, ние враќаме пари кај граѓаните, над 2,6 милијарди евра за 3 години, подвлече Ковачевски на денешната трибина во Кавадарци.

Последни вести