fbpx

Ковачевски од трибината Повеќе за сите: Владата на СДСМ инвестира во Кавадарци и во секое населено место

Facebook
Twitter
LinkedIn

“Владата предводена на СДСМ е најголем инвеститор во Кавадарци”, истакна претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината Повеќе за сите во Кавадарци.

“Ќе напоменам неколку поважни проекти кои се реализираат со поддршка на Владата. После 40 години, дечињата во Кавадарци благодарение на СДСМ добија нова градинка, Сонце со капацитет од 142 места. Со финансиска поддршка од Владата се реконструираа и улиците:
Илинденска, Браќа Џунови, Пионерска, Слога, Вељко Влаховиќ, Максим Горки, Димката Ангелов Габерот, сите во Кавадарци. Изградивме на нов мост во Ваташа, направивме рехабилитација на патот од Кавадарци до Росоман, завршена е реконструкцијата на патот од Кавадарци до Дреново”, рече Ковачевски и подвлече дека започнат е проектот за затворен базен а наскоро ќе започне изградбата на Домот за лица со попреченост.

“СДСМ така знае, ние се грижиме за сите граѓани и не гледаме дали живеат во мало или големо место. За нас граѓаните се на прво место”, рече Ковачевски.

Последни вести