fbpx

Ковачевски од Кочани: Повеќе за сите е мерката за поддршка на учениците до 10.800 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Само со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, обезбедивме уште повеќе за сите на кои им е неопходна помош сега, финансиски ги поддржавме младите, учениците, студентите и се грижиме за нивната социјална сигурност порача претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на денешната трибина „Повеќе за сите“ во Кочани.

-Финансиска поддршка обезбедивме за средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари. Во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари. Односно секој ученик до крајот на учебната година ќе добие по 10.800 денари. Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари месечно. Со оваа мерка опфатени се 70.000 ученици кои ќе добијат по 7.200 денари до завршување на училишната година. Дури 105.000 ученици финансиски поддржуваме со овие мерки, рече Ковачевски.

Дополнително, посочи Ковачевски 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно.

-Така СДСМ работи за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства, се грижиме за нив и за нивната социјална сигурност, порача претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на денешната трибина „Повеќе за сите“ во Кочани.

Последни вести