fbpx

Успешни економски политики на СДСМ во 2023, поголеми плати и пензии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Изминатата 2023 година го покажа резултатот на успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Никој не беше оставен сам, се справивме со енергетската криза, работевме посветено за да го направиме животот на граѓаните поднослив и подобар дури и во најтешкиот период.

Платите и пензиите продолжија да растат и во тешки услови обезбедивме историски најсилна економска поддршка за граѓаните од над 2 милијарди евра.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен СДСМ ја покачи на 39.000 денари. Просечната плата денес е 630 евра!

СДСМ просечната плата ја покачи за 270 евра во однос на 2016 година и времето на ДПМНЕ. Тогаш изнесуваше околу 360 евра, или 22.460 денари.

Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија.

Во бројки, во време на ДПМНЕ просечната пензија изнесувала 13.754 денари, или нешто над 200 евра. Во март оваа 2023 година, просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари, што е зголемување од околу 6.000 денари, односно 100 евра.

Додека ДПМНЕ ја кочење земјата и напредок СДСМ работеше за граѓаните.

Татковината меѓународно ја етаблиравме на пиедесталот со најсилните западно демократски држави, го продолжиме напредокот, прогресот, по вистинскиот, по европскиот пат.

Последни вести