Соопштение за јавност
Почитувани сограѓани,
На почеток на новата година, во пресрет на големите празници Бадник и Божиќ да се потсетиме на значењето на добрите дела.
Да се потсетиме и на можностите кои ги носи секој нов почеток.
Додека споделуваме радост со своите најблиски, да помислиме на сè она што можеме да го направиме, за да бидеме подобри луѓе и заедно да имаме подобро утре.
Божиќ е искрата на добрите дела, симбол на раѓање нова надеж.
Така, надежта што ја носи годината пред нас нека бидат поттик, да направиме добро дело и да го искористиме моментумот на новата, историска можност.
Во годината на големи и значајни одлуки да бидеме носителите на новото поглавје во историјата на македонска држава.
Поглавје кое значи европска држава на рамноправни граѓани, во која има повеќе за сите.
Заедно, рамо до рамо со европските народи, затоа што ние припаѓаме на Европа.
Ви посакувам среќни и пријатни празнични денови, добро здравје, мир и спокој.
Нека се прелее радоста во вашите домови а историската можност нека биде нова надеж за сегашните и за идните генерации.
За многу години!