fbpx

Платите и пензиите ќе продолжат да растат во 2024 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со успешните економски политики на СДСМ, платите и пензиите ќе продолжат да растат и во 2024 година.

Во Буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии.

Со СДСМ платите и пензиите растат постојано и во сите сектори.

СДСМ ја покачи просечната плата на 39.000 денари или 630 евра. Во времето на ДПМНЕ просечната плата изнесуваше околу 22.000 денари. Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година.

Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати и сега изнесува 20.175 денари. За само неколку години и во споредба со ДПМНЕ, СДСМ ја зголеми минималната плата за над 100%. Од месец март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари.

Со новата методологија за усогласување на пензиите, два пати годишно, со растот на просечната плата и трошоците за живот, СДСМ обезбеди континуиран раст на пензиите, независно од чија било политичка волја.

Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија.

Платите и пензиите ќе продолжат да растат и оваа година.

Со СДСМ има повеќе за сите.

Последни вести