fbpx

Ковачевски: Поголеми плати, пензии, инвестиции, СДСМ има подобар резултат од ДПМНЕ на секое поле

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ има подобар резултат од ДПМНЕ на секое поле, пред се во економијата, платите, пензиите, инвестициите, тоа се факти, рече претседалот Димитар Ковачевски на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во центарот на Скопје.

-Просечната плата во време на ДПМНЕ изнесуваше 360 евра. Просечна плата денеска, во време на СДСМ изнесува 630 евра. Дури за 270 евра повеќе. СДСМ ја зголеми минималната плата за 120%. Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година. Среде глобална економска криза, овозможивме раст на платите, пензиите и животниот стандард. Поддршка на државата кон домашните компании во 2017 година во времето на ДПМНЕ беше 0 денари. А СДСМ обезбеди рекордна поддршка за домашните компании, од 100 милиони евра за поддржа на 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси. Невработеност во време на ДПМНЕ изнесуваше 25%. СДСМ успеа да ја преполови и денеска невработеноста изнесува под 13%, рече Ковачевски.

Во времето на ДПМНЕ немаше ниту една мерка за поврат на парите кај граѓаните, нула денари, а СДСМ за само 3 години врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со неколку антикризни пакет мерки, потенцираше претседателот Ковачевски.

-Со антикризните мерки успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите и со тоа да ги заштитиме работните места. Прво со 760 милиони евра и сега последно со 662 милиони евра помогнавме на учениците, студентите, младите, пензионерите, ранливи граѓани, самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделците, компаниите. Успешно се справивме со енергетската криза и никој не беше оставен сам. Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата, струјата ја сувенциониравме и до 90% за над 660 илјади наши сограѓани, рече Ковачевски.

Без антикризните мерки, многу граѓани ќе се соочеа со сиромаштија и сериозни економски проблеми. Тоа не го дозволивме. Гледаме низ Европа многу посилни економиии се соочуват со поголеми проблеми, додаде тој.

-Додека опозицијата ги кочеше антикризните мерки и оневозможуваше помош за граѓаните и бизнисите ние работевме и успеавме заедно со пратениците и со министрите во Владата. Без мерките на владата, сметките за струја ќе беа многу повисоки и ќе го загрозеа животниот стандард. Затоа ќе продолжиме и понатаму со нови мерки и политики, со директна финансиска поддршка и помош за граѓаните и зголемување на стандардот, рече вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести