fbpx

Поголеми пензии и дополнителна помош, СДСМ се грижи за пензионерите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ во изминатиот период покажа вистинска грижа за пензионерите.

Со новата методологија за усогласување на пензиите, два пати годишно, со растот на просечната плата и трошоците за живот, СДСМ обезбеди континуиран раст на пензиите, независно од чија било политичка волја.

Минималната и просечната пензија СДСМ ги покачи за 50 %.

Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари.

Во 2017 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари додека денес таа изнесува над 19.000 денари.

Пензиите растеа и во кризни периоди, кога СДСМ обезбеди дополнителна финансиска поддршка за пензионерите.

Во тек е исплата на финансиска поддршка на над 187.000 пензионери со пониски пензии.

Пензионерите со пензија до 14.000 денари за пет месеци добиваат вкупно 15.000 денари финансиска поддршка.

Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат 10.000 денари поддршка.

Нашите сограѓани, пензионери со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари, добиваат поддршка од 7.500 денари.

Истовремено ДПМНЕ се обидуваше да ги манипулира пензионерите дека ќе им дадат на сите по 5000 денари, па потоа ретерираа и рекоа дека ќе им даваат по 500 денари.

Со СДСМ пензионерите добиваат повеќе.

СДСМ продолжува со заложбите за обезбедување достоен и пристоен живот за секој пензионер.

Последни вести