fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се загуби во лажните вести, не се точни измислиците за отворена истрага за продажбата на ЕДС

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ предводено од Христијан Хидро Мицкоски целосно се загуби во лажните вести и почна да измислува непостоечки случаи, а прес-конференциите да ги базира на шпекулации.

Неточни и невстинити се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ за наводна отворена истрага во Грција за продажбата на компанијата ЕДС.

Споменатата компанија и јавно ги демнатираше измислиците на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Не е започната каква било истрага во врска со продажбата ниту пак има тоа некаква во врска со претходниот сопственик, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Целата постапка, како и купопрадажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходел и извештај од неколку реномирани ревизорски куќи кои ја процениле реалната вредност на компанијата.
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со придвижувањето на економијата и успешните економски политики и затоа секојдневно шири лажни вести и измислици.

Времето на матни зделки и вмешаност на државни функционери, времето на Белизе шемите и оф-шор фирмите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Владата предводена од СДСМ и сите нејзини членови работат одговорно, отчетно, транспаренто, со согласност со законите и во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 24.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести