fbpx

Единствено што може да понуди ВМРО-ДПМНЕ е одбрана на криминалот на Груевски, пензииите растат, следува и социјална пензија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Единствен проект што го нуди антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е одбрана на криминалот на осудениот Никола Груевски.

Лицемерно е антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ партијата што со години ги манипулираше и потценуваше пензионерите, денес да се обидува да им се додворува.

Да не се посветеше ВМРО-ДПМНЕ на крадење на народните пари можеше значително да се зголемат пензиите и Фондот на ПИОМ ќе немаше финансиски проблеми.

Но, наместо тоа, со криминалните и расипнички политики, ВМРО-ДПМНЕ го зголеми буџетскиот дефицит во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, создаде огромна финансиска дупка а на пензионерите не им го исплаќаше ниту законското усогласување на пензиите.

За разлика од таквиот потценувачки однос кон пезнионерите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со пензионерите и се санираат сите штети што ги создаде претходната власт.

Законското усогласување на пензиите со растот на платите и трошоците за живот се исплаќа двапати годишно, а просечната пезнија во септември 2018 изнесувала 14.500 денари што е речиси 1.400 денари повеќе отколку во септември 2016.

Пензиите растат и ќе растат и понатаму, а нивната сигурна исплата и во иднина е обезбедена.

Истовремено, со предвидената пензиско – социјална реформа, ќе се стабилизира дефицитот на ПИОМ, законското усогласување на пензиите ќе продолжи да се прави два пати во годината, а се вовоедува и социјална државна пензија за лицата кои немаат доволно стаж за да добиваат пензии.

Тоа е фер и правден однос кон сите постари граѓани кои придонеле во грдењето на нашето општество.

Последни вести