Соопштение за јавност
Кога зборува за непотизам, портпаролот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да го праша неговиот шеф, пионот Христијан Мицкоски, како тој од толку професори на Машинскиот професор, станал асистент кај сопствениот татко.
Наместо да шири празни обвинувања, партискиот портпарол треба да влезе во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и да го праша Мицкоски како од Владата на Груевски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали во време кога бил советник на Груевски.
Целокупната професионална и политичка кариера на пионот Мицкоски се изградени преку: 1) непотизам и 2) шемите со Никола Груевски.
Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионалноот и независно функционирање на институциите. Токму ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години масовно ги партизираше институциите во кои се вработуваа само партиски членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.
Истовремено, се правеа брутални притисоци и закани кон приватниот сектор и илјадници компании беа приморани да стават клуч на врата, не можејќи да ги издржат притицоците, заканите, уцените. Меѓу нив се и компаниите кои денеска ги наброја портпаролот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ
Таквиот однос кон институциите и граѓаните, како и масовната партизација на администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Преку започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат и работат независно и во интерес на граѓаните.
Сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и креитериуми и за сите вработени сносат еднаква одговорност.
Со реформите, државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 09.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА