fbpx

Ковачевски: Социјалдемократијата значи прогрес, СДСМ работеше и постигна резултати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Социјалдемократските политики беа оние кои помогнаа земјата да се справи со сите предизвици кои ги донесоа овие кризи. Социјалдемократијата и СДСМ беа оние кои ги заштитија граѓаните, кои буквално ја спасија земјата од колапс. Солидарноста, еднаквоста и хуманоста, социјалната држава и правда се оние кои помогнаа да се извлечеме од хаосот кои го носеа кризите, и овозможија да одиме напред и да постигнеме одлични резултати.” Истакна Ковачевски на 27 Конгрес на СДСМ кој вечерва се одржа во Скопје.

Покажавме дека социјалдемократијата е повеќе од идеологија, дека социјладемократијата е единствен начин како општеството и државата да се подобрат и да обезбедат прогрес и просперитет. Се покажа дека кога доаѓаат тешки времиња, и кога е време за тешки одлуки, единствено социјалдемократијата може да направи разлика и да обезбеди прогрес. Единствено социјалдемократските политики се ефикасна алатка за обезбедување добар квалитет на живот на сите. – рече Ковачевски

Претседателот Ковачевски се осврна на изминатите 7 години и резултатите кои ги постигна СДСМ.

„Ги покачивме платите во сите сектори, просечната плата од 22.000 денари во времето на ДПМНЕ ја зголемивме на историски највисоки 40.000 денари. И платите ќе продолжат да растат. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 денари во времето на ДПМНЕ на 22.500 денари. И минималната плата ќе продолжи да расте. Пензиите ги покачивме во просек за 6.000 денари, а невработеноста ја преполовивме. Успешно се справивме со енергетската криза, а претходно и со Ковид пандемијата. Никој не беше оставен сам, вративме над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните.

Претседателот Ковачевски посочи дека до 2017 година Северна Македонија беше заробена држава, изолирана, со уназадена демократија, далеку од ЕУ и НАТО.

„Северна Македонија беше земја која беше на 138 место во светот по слобода на медиуми исто како што беше на дното на листите за сите показатели во однос на владеење на правото. Земја во која наместо кај граѓаните, парите одеа во стиропор кој денеска се распаѓаат, работникот беше потценет, третиран и продаван во светот како евтина работна сила. Тоа е вистината, тоа се фактите.“ – беше дециден Ковачевски на 27 Конгрес на СДСМ кој вечерва се одржа во Скопје.

Последни вести