fbpx

Конфузнo e антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, веќе не знае што зборува, сите пратеници да ги поддржат уставните измени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот Христијан Мицкоски не знае ниту што зборува, ниту што прави, секој ден различни изјави, ставови, во целосна конфузија.

Александар Николоски, кој воедно е и потпретседател на антизападното ВМРО-ДПМНЕ призна дека тој, антизападниот Мицкоски и антинародното раководство на оваа партија со месеци свесно ги лажеле граѓаните.

Договорот од Преспа го зајакнува и заштитува идентитетот и се отвораат перспективите за членство во ЕУ и НАТО, што значи реализација на стратешкиот интерес на Македонија. Подобар договор не може да има и ваква шанса нема да се повтори.

Ова, е силна причина сите пратеници, особено останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, да ја напуштат криминалната матрица на Груевски и Мицкоски и да се вклучат во започнатиот процес во Собранието што обезбедува иднина во ЕУ и НАТО. 

Сега, кога текстот на амандамите на Уставот се подготвени и јавно достапни, сите пратеници, и оние од ВМРО-ДПМНЕ, треба да ги поддржат, да покажат одговорност пред граѓаните и заеднички да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО.

 

Скопје,02.11.2018                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести