Соопштение за јавност
Очигледна е нервозата и конфузијата во која се заглавени антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот Христијан Хидро Мицкоски се фатени во лага за шемите со Никола Груевски.
Антизападниот пион Христијан Хидро Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се фатени во мрежата на криминалот на Никола Груевски и затоа се сѐ понервозни и поконфузни.
Пред да се закануваат со тужби, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски, да се договорат каде сѐ пионот на Груевски, Мицкоски има удел?
Пред неколку денови антизападното ракоовдство на ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје, вчера, истото раководство тврдеше дека Хидро Мицкоски имал удел од 7 отсто во фирмата „Енергомонт“, а денеска, раководството на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Хидро Мицкоски имал удел од 7 отсто во фирмата „Минка-Енергомонт“.
Уште во колку фирми има удел пионот на Груевски, Мицкоски? Дали Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во секоја фирма што се занимава со енергетика?
Ниту една конфузна реакција на антизападното раководтво на ВМРО-ДПМНЕ, не може да го сокрие фактот дека антинародниот Мицкоски преку судир на интерес, добил земјиште од скоро 33 илјати квадратни метри од Владата на Груевски каде што бил и советник.
Спрегата меѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски е очигледна.
Скопје, 28.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА