Соопштение за јавност
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска одново покажаа дека по секоја цена сакаат да ја блокираат иднината на Македонија во ЕУ и НАТО.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски играч Мицкоски и антизападното раководство на партијата.
Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните да ја следат јасно изразената мнозинска волја на над 80 отсто од граѓаните и да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на уставните измени во Собранието.
Антизападното раководство на ВМРО-ДМПНЕ на ниту ниеден начин нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО. Македонија го продолжува патот кон полноправно членство во НАТО и ЕУ без разлика што тоа не му се допаѓа на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 19.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА