Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ, Благој Бочварски, во текот на вчерашниот ден беше во посета на Општина Богданци.
На средбите со граѓаните Бочварски разговараше за македонската иднина, за придобивките од членството во ЕУ и НАТО и побара поддршка за престојниот реферндум.
Бочварски ги повика граѓаните, на 30 септември масовно да излезат на реферндумот и да се определат за просперитетна иднина на земјата.
Гласот ЗА влез во ЕУ и НАТО е глас ЗА македонската иднина.