fbpx

ДПМНЕ ја остави Универзална да се распаѓа, Скопје е пример за нивните нереализирани ветувања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се распаѓа, иако беше започнат процесот за реконструкција од страна на претходната локална власт на СДСМ.

Култниот објект и симбол на Скопје, две години го оставија на забот на времето, да пропаѓа и од внатре и од надвор, па дури и предавањето на реконструкцијата на Универзална сала на Министерството за култура им беше проблем.

ДПМНЕ во програмата за локланите им вети на граѓаните реконструкција на Универзална сала, тоа не се случи.

Тоа е уште едно неостварено ветување на неспособната локалната власт на ДПМНЕ и нивната градоначалничка во Скопје.

Ветуваа модерно Скопје, а испорачаа хаотичен и нечист град, со нефункционални јавни претпријатија, потонати во долгови.

Ветуваа бесплатен јавен превоз, па, за прв пат во историјата, ги оставија Скопјани без превоз.

Го прекинаа започнатиот проект БРТ за еколошки превоз и ветија нови 250 нови автобуси, кои никаде ги нема, додека овие старите се проретчени и нередовни.

Ветуваа мега паркови, а градот е нечист, депонии никнуваат насекаде.

Скопје е пример како владее ДПМНЕ, Скопје е пример за нивните нереализирани ветувања.

Последни вести