Соопштение за јавност
СДСМ и Коалцијата за европска иднина и претседателот Стево Пендаровски имаат јасна визија, знаење, храброст и конкретен план за обезбедување европска иднина на Македонија.
Граѓаните сакаат и заслужуваат да имаат уште поголеми плати и пензии, повеќе и подобри работни места, подобар животен стандард, подобро образование, подобро здравство, подобро владеење на правото, помалку корупција, сакаат да живеат во држава по европски стандарди.
ДПМНЕ и Силјановска немаат план за европска иднина, на граѓаните им нудат враќање назад во мрачното минато, во неизвесност, нови залудно загубени години, нејасна иднина.
Само со СДСМ и Пендаровски, Македонија може да биде членка на ЕУ.
Нема откажување од иднината! Македонија ќе има проевропски претседател, Стево Пендаровски и проевропска Влада формирана од СДСМ.