fbpx

Ковачевски: Како што ветуваа за Арсовска така сега ДПМНЕ ветува за Силјановска, немаат никаков план

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ги гледаме ветувањата кои ги дава опозицијата, тие не се ништо различни од она што го даваа на локланите избори, дури и кампањата им е иста. Исто како што ја шетаа градоначалничката на Скопје, Арсовска велејќи дека таа ќе биде решението за Скопје, дека Скопје ќе стане најчиста метропола со електрични автобуси, со средени улици и тротоари. Денес гледаме дека Скопје е најзагадениот и највалканиот град не само во регионот и пошироко. Имаме нефункционална администрација, јавни претпријатија кои се дават во долгови и практично град во кој ништо не се случува освен застој на сите проекти и неистичени контејнери и валкани улици. – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска по разговор со граѓаните на Водно и активностите на промотивниот штанд за претседателскиот кандидат Пендаровски.

Ние нудиме јасен план и визија за тоа како и до кога, односно до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ, наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност ниту волја да тоа го направат. Главен избор на овие претседателски и парламентарни избори е јасната визија на СДСМ и коалицијата и на претседателот на Стево Пендаровски за европска интеграција на државата – рече Ковачевски во изјавата за медиуми.

Колку е значајно што донесовме тешки одлуки во однос на влегувањето во НАТО се гледа токму денес во време кога на сите страни во светот беснеат воени конфликти. Не е само војната во Украина, туку и конфликтот во појасот Газа, вие гледате дека во текот на вчерашниот и денешниот ден има вооружен напад на Иран врз Израел. Тоа е да кажеме географски далеку од нас, но сепак земја која е дел од најголемиот одбранбен воено безбедносен сојуз во светот НАТО не смее да се грижи и не треба да се грижи за својата безбедност и сигурност на граѓаните. Тоа е овозможено од СДСМ, од коалиционите парнртери, и секако од одлуките кои ги донесовме. – истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска по разговор со граѓаните на Водно и активностите на промотивниот штанд за претседателскиот кандидат Пендаровски.

Последни вести