fbpx

Ковачевски: Младинскиот Манифест на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ние денес се бориме за младите да имаат подобро утре, подобри услови за живот, а Младинскиот Манифест на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на денешната промоција на Младинскиот Манифест, подготвен од Социјалдемократската младина на Македонија.

Во однос на мерките што до сега се преземени за младите, Ковачевски потенцираше дека во изминатиот период се потпиша договор за реновирање на сите студентски домови во држават, неколкукратно се зголеми и се израмни висината на стипендиите кои студентите ги добиваат. Ако порано стипендиите беа од 2.000 до 3000 денари, сега нема стипендија која е пониска од 6.050 денари.

„Така се инвестира во младите. Со 100 милиони евра ги поддржавме домашните компании што значеше нови работни места. 5.000 работни места така се отворија. На тие работни места работат млади луѓе. Сега предвидуваме 180 милиони евра финансиска поддршка. Повторно предвидуваме во ФИТР да можат младите своите идеи да ги реализираат, да формираат свои компании и голем број на мерки кои се однсеуваат на субвенционирање на отпочнување на бизнис кај младите со повисоки суми. 8.000 евра да биде субвенција која што ја добиваат за отпочнување на бизнис“, рече Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека секогаш се потребни храбри одлуки за да се направат крупни исчекори за напредок на државата, потеницрајќи дека со доаѓањето на СДСМ на власт, многу работи во државата се променија на подобро.

„Промената на власта донесе демократија, слобода на медиумите, слобода на изразување, што е најважно во едно демократско општество. Донесе економски напредок. Ние денес имаме 50% помала невработеност од тоа што беше 2016. Минималната плата од 8.000, денес е 22.500 денари. Просечната плата е 650 евра од 350 евра. Сите бројки се или дуплирани или триплирани. Младинската невработеност е намалена за 50%. Воведовме мерки кои не постоеја до тогаш. На пример студенски брок не постоеше и не можеше да постои затоа што парите се трошеа на стиропор, на споменици, на жални врби во Вардар. Денес секој студент добива 140 денари дневно за оброк, тоа се месечно 50 евра. Потоа најразлични додатоци за млади, финансиска поддршка за отворање на свои компании и низа на други мерки кои има помагаат на младите да напредуваат во својата лична и професионална кариера“, рече Ковачевски.
Говорејќи за исполнување на стратешките цели, Ковачевски потенцираше дека благодарение на правилните и храбри политики на СДСМ во изминатите седум години, Северна Македонија денес членка на НАТО, што е огромна придобивка за државата, за сите граѓани вклучително и за младите.

„Вие гледате колку е значајно една држава биде дел од НАТО, со оглед на војните кои се водат, но и со оглед на тоа што во стабилна држава доаѓаат странски инвестиции. Сега имаме дупло повеќе странски инвестиции, затоа има и толку работни места. Денес младите имаат многу повеќе можности за вработување од тоа што имаа пред 32 години. Пред 32 години во Македонија, невработеноста се искачуваше до фамозни 45%. Ние предвидуваме невработеноста да биде 7%. Предвидуваме просечната плата да биде 1.100 евра, минималанта плата 600 евра“, рече Ковачевски.

При тоа, Ковачевски посочи дека она што сега е најважно е да се продолжи европскиот пат, како процес кој единствено може да донесе суштински и позитивни промени за државата.

„Северна Македонија ќе стане земја членка на ЕУ, не само заради членство, туку поради обезбедување на повисок животен стандард, заради обезбедување подобро здравство, образование, повисоки плати, подобри работни места, подобри услуги кои ги сакаат и младите и сите други граѓани. Тоа ќе се случи по победата на изборите прво на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, којшто е еден исклучително интегритетен, чесен, напреден политичар кој ги почитува сите подеднакво и со победата на коалицијата за европска иднина предоводена од СДСМ“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести