fbpx

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот лидер нема храброст за одлука

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот лидер нема храброст за одлука

Заради неодлучлноста на ВМРО-ДПМНЕ, заради нивните блокади кои што ги прават во текот на изминатите 30 години на европскиот пат на државата ние имавме пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради ВМРО-ДПМНЕ – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

-Ние имаме многу јасна преговарачка рамка која што обезбедува чист македонски јазик на преговорите и на Македонија во ЕУ. Вие бевте сведоци кога засветеа преговарачките кабини во Брисел со македонски јазик. Цело законодавство се преведува на македонски јазик и во Брисел се отворија конкурси за работа за преведувачи на македонски јазик. Така да сите критичари дека ќе сме го изгубеле јазикот кога ќе влегуваме во ЕУ од тогаш молчат и ништо не кажуваат. Ние сме таму како македонци и со нашиот идентитет и култура веќе учествуваме во огромен број на активности кои што се случуваат во Брисел и во земјите членки на ЕУ. – рече Ковачевски

—Во однос на носењето на уставните измени, ние можевме да ги донесеме уставните измени и во текот на минатата година, меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер немаа храброст тоа да го направат. На последниот самит на Европскиот Совет на кој што и јас присуствував во Брисел, Македонија го имаше најчистиот параграф во својата историја кој што вели вака. Република Северна Македонија ги исполни условите од преговарачката рамка во делот на спроведувањето на скринингот, ние завршивме скрининг за една ипол година, најбрзо од сите земји во регионот. Останува да ја исполни својата обврска во однос на уставните измени и веднаш без никакво закажување и дополнителна улога да биде закажана втората меѓувладина конференција за отворање на преговарачките поглавја. И заради неодлучлноста на ВМРО-ДПМНЕ, заради нивните блокади кои што ги прават во текот на изминатите 30 години на европскиот пат на државата ние имавме пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е најкратко и најјасно што тоа се случи. – беше дециден Ковачевски

-Кога ќе соберат храброст во секој момент можат да се јават во СДСМ и кај мене да одиме во Собрание и да ги изгласаме уставните измени со кои што уставни измени ќе влезат делови од други народи во нашиот устав, бидејќи ние веќе имаме делови од други народи во уставот, вклучително и бугарскиот народ, каде што ќе се направи за прв пат јасна дистингција во еден документ дека има македонски народ и делови од бугарски народ со што се побива старата ВМРОвска теза дека ова е регион во кој што има еден народ во две држави. Сега за прв пат ќе имаме македонски народ и делови од бугарски народ. Кога ќе соберат храброст за тоа нека се јават, сакаат пред избори, сакаат по избори, сакаат на ден на избори, сакаат во 12 на пладне, сакаат во 12 навечер, сакаат во 3 по пладне, сакаат во 3 сабајле ние сме подготвени да ги донесеме потребните одлуки за иднината на дражвата. – рече Ковачевски во интервјуто за МИА

Последни вести