fbpx

Ковачевски за МИА: Гласот за Коалицијата за европска иднина е глас за Македонија да биде дел од Европа, очекуваме победа на европските вредности

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ние очекуваме прво победа на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и мнозинство со кое што ќе формираме про-европска Влада со која што СМ ќе го исполни она што го очекуваат граѓаните, а тоа е се она што е наведено во програмата на СДСМ и во делот на економијата и во делот на обединето право, борбата против корупцијата, грижата за сите, европската иднина, безбедноста и одбраната и секако подобриот живот на младите и ќе обезбедиме членство на државата во ЕУ со еден многу јасен план. – посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

-Коалицијата за европска иднина и коалиционите партнери ќе има над 61 пратеник и ние ќе формираме проевропска Влада со која што Северна Македонија ќе има многу јасен правец во однос на тоа каде ќе се движи и како ќе обезбедиме подобар европски живот за нас и за граѓаните. – рече Ковачевски

-Ги повикам граѓаните да се одлучат за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и за коалицијата за европска иднина со која што на Македонија и обезбедуваме јасна визија, пат и деноноќна работа за унапредување на животот, владеењето на правото, борбата со корупцијата и едноставно подобар животен стандард за сите граѓаните да можат да го живеат тука во Македонија а не некаде надвор во ЕУ. Европа да биде дел од Македонија, и Македонија да биде дел од Европа. – рече Ковачевски во интервјуто за МИА

Последни вести