fbpx

Ковачевски: На Македонија и е потребно обединување за интеграција, а не за мораториум

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Ние бевме сведоци завчера кога претседателот на ВМРО – ДПМНЕ повика на мораториум на митингот во Охрид. На нас не ни треба мораториум и обединување за мораториум, на нас ни треба обединување за интеграција на државата во ЕУ“, рече Ковачевски во денешното интервју на ТВ Сител, во Тема на денот.

„Затоа ние од првиот ден повикавме до сите политички партии, невладини организации, поединци, да се обединиме во изградба на европска Македонија, во носење на сите потребни одлуки. Европска иднина на државата е можна со еден заеднички став, консензус на сите политички партии во државата на сите граѓани, поединци, организации, носење на одлуките во Собранието и продолжвуање на имплементацијата на преговарачката рамка со ЕУ“, рече Ковачевски.

„На овие избори јасно се диференцираат два политички блока. Едниот политички блок кој е за европска интеграција и проевропски блок кој го предводиме ние, СДСМ и Коалицијата за европска иднина, но и други партии кои не се дел од нашата предизборна коалцијата и кои јасно се залагаат за европска интеграција на Македонија и носење на потребните политички одлуки. И втор политички блок кој е предовден од ВМРО – ДПМНЕ, партијата Левица и од други помали политички партии кои јасно се залагаат за стопирање на европските интеграции на државата. Овде имаме избор меѓу надеж за европска иднина, подобар животен стандард, подобро владеење на правото, европски стандарди со СДСМ и Коалицијата за европска иднина или безнадежност со Гордана Силјановска Давкова и ВМРО – ДПМНЕ и враќање во минатото кога имавме недемократски режим, кога студенти беа тепани по улиците, кога никој не можеше да го каже своето мислење, кога медиумите беа под целосна контрола на власта“, рече Ковачевски во денешното интервју на ТВ Сител, во Тема на денот.

Последни вести