Соопштение за јавност
На вечерашниот митинг во Велес, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, на насобраните граѓани им порача дека единствениот докажан рецепт за прогрес и подобар животен стандард е полноправното членство на Македонија во Европската Унија.
„Во изминатите неколку месеци имав повеќе време да се движам меѓу граѓаните. Ги слушнав нивните желби и критики, нивното незадоволство. И јас, исто како и вие, сакам да изградиме иднина со европски животен стандард, модерно образование, квалитетно здравство, чиста животна средина, еднакви можности за сите. Нема волшебно стапче за тоа да се случи преку ноќ. Но, има проверен и докажан рецепт – членство во Европската Унија, воведување на европските правила, почитување на европските вредности“, посочи Ковачевски.
Тој додаде дека не постои волшебно стапче за тоа да се случи преку ноќ, но дека со зачленувањето во ЕУ, кога ќе се воведат европските правила и конечно ќе почнеме да ги почитуваме европските вредности, тоа ќе стане реалност.
„Токму затоа креиравме програма за европска иднина. И нема да се откажеме сѐ додека секој ред од неа не стане реалност“, рече Ковачевски и додаде дека со членството во ЕУ, конечно ќе се стави крај на корупцијата и криминалот и ќе престанат злоуптребите, личните богатења и системските неправди.
Претседателот на СДСМ, Ковачевски, уште еднаш ги повика велешани да не се двоумат, да излезат на избори и својот глас да го дадат за СДСМ и коалицијата со што конечно ќе се направи последниот исчекор на долгиот и тежок пат на државата кон Европската Унија.