Соопштение за јавност
„СДСМ отсекогаш покажувала лидерство и одговорност. И само СДСМ може да го предводи обединувањето на граѓаните зад една заедничка идеја – идејата за европска иднина. Само СДСМ ја има таа моќ може да ги поврзе сите луѓе во државата, и само СДСМ го има клучот за подобра, безбедна и одговорна иднина“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митинг во Велес.
-Гледаме дека веќе растат тензиите за изборите. И има причина за тоа. Овие избори се клучни за нашата иднина.
Овие избори се глас ЗА или ПРОТИВ нашата европска иднина! И кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години на планините околу нас. Сакам да ѝ порачам на албанската заедница: Ова е и ваша земја, никој не може да ви ги земе правата. Тие се запишани во Уставот. Но, вие имате и одговорност. И ако се надевате дека некое незадоволство ќе се претвори во насилство, се лажете. Граѓаните нема да го дозволат тоа, никој здраворазумен нема да го дозволи тоа“, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ и носител на Коалицијата за европска иднина во првата изборна единица, Ковачевски испрати порака и до Мицкоски.
„Внимателно по патот кој сте го фатиле, затоа што и тој има последици. Секоја блокада на европскиот пат не е само стагнација, тоа е и враќање назад. Назад во 2001 година или којзнае каде. Нашето меѓунационално единство е сѐ уште кревко. Не може да си дозволиме кој било да си игра со него.“ – рече Ковачевски.