Соопштение за јавност
Сакам да ви најавувам и конечна одлучна и бескомпромисна борба со корупцијата, на сите нивоа, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Зелениково.
Ковачевски најави конечно спроведување на ветингот на судии и проверка на потекло на имот за сите функционери.
Ветувам дека никој, ниту еден функционер, директор, пратеник, раководител нема да биде поштеден без разлика од која политичка партија или неполитичка партија доаѓа! Нѐ очекуваат сериозни реформи во судството, од ветинг на судии и јавни обвинители до проверка на потеклото на имотот на сите функционери, без исклучок, нагласи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Зелениково.