Соопштение за јавност
Докажавме дека не се сите исти. Дека ние можеме и знаеме како подобро да водиме државата. Знаат земјоделците дека со нас ги немаат притисоци и закани од режимското минато, туку имаат зголемени, навремени и за прв пат авасно исплатени субвенции, истакна денеска коносителот во ИЕ 3, Љупчо Николовски на граѓанскиот митинг во Зелениково .
-Ветивме и исполнивме! Земјоделците денес имаат 100% поддршка за зелена нафта, истакна Николовски.
Земја лидер сме во реализација на ИПАРД програмата, со 100% искористеност на ИПАРД 2 програмата и без ниту едно евро вратено назад.
-Нема едно населено место низ државата каде нема да се сретне ИПАРД таблата, а такви успешни ИПАРД приказни имаме и токму тука во Зелениково. Како што доликува за една земја лидер, први во регионот ја започнавме новата ИПАРД 3 програма со можност за 50% авансна исплата на одобрената поддршка веднаш по склучувањето на договорот, истакна Николовски.
Тој нагласи дека ако сега имаме 100 милиони евра европска помош, со влезот во ЕУ ќе имаме 1 милијарда и 100 милиони и додаде, ете затоа се борам, ете затоа и ќе продолжам да се борам за иднината. Тоа се директни придобивки за нашите земјоделци, а вкусот на Македонија да биде на европските трпези, истакна Николовски.
Резултатите што ги постигнавме заедно овие седум години се наш гарант пред вас граѓаните дека дадениот збор повторно ќе го исполниме.
Во следните четири години се обврзуваме да вложиме рекордни една милијарда и триста педесет милиони евра за капитални инвестиции и директна финансиска поддршка до земјоделците и до 2028 година гарантираме повеќе извоз од увоз на храна.
Не се откажавме и цврсто чекориме кон целта Македонија европски развиена со европски стандард на граѓаните и полноправна членка на Унијата до 2030 година.
Да продолжиме заедно кон развојот, да работиме заедно за нашата заедничка европска иднина.