Соопштение за јавност
Земјоделците едвај преживуваа токму за време на 11 годишното криминално владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Субвенциите доцнеа и беа исплаќани селективно, со бројни злоупотреби, државното земјиште им се даваше на партиски моќници, намеше пласман, немаше достоинствени откупни цени, немаше развој, земјоделците не можеа да врзат крај со крај.
Сега Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство покажуваат што значи вистинска грижа за земјоделците а со мерките коишто се спроведуваат има повеќе пари, назад, кај земјоделците.
На пример, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, искористеноста на ИПАРД 1 средствата беше само 17 отсто а истовремено се враќаа пари поради неможноста тие да бидат искористени. За целата ИПАРД 1 (инструмент за претпристапна помош), со сите мерки, беа склучени само околу 1.000 договори, односно многу малку.
Денеска, по промените, само за една мерка од ИПАРД 2 се склучија близу 700 договори за набавка на трактори. Ако се има во предвид дека ИПАРД 2 има вкупно 5 мерки очекувањата се дека ќе бидат склучени најмалку пет пати повеќе договори од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Зголемените и навремени субвенции, воведувањето зелена нафта и зголемената помош за младите змејоделци се само дел од мерките преку кои се унапредува земјоделството и повеќе пари остануваат за земјоделците.
Грижата кон земјоделците останува приоритет за Владата предводена од СДСМ.
Скопје, 21.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA