fbpx

СДСМ им честита на граѓаните, Македонија се издигна над политките на изолација и поделби, идентитет загарантиран, иднината обезбедена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ им честита на македонските граѓани.

Македонија се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, македонската иднина обезбедена.

Преку Договорот се отвораат перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани.

Денеска е потпишан Договор којшто обединува и гради пријателство.

Конечниот Договор за решавање на спорот со Грција еднаш засекогаш го обезбедува и гарантира нашиот, македонски идентитет, кој веќе никој нема да може да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, се обезбедени еднаш засекогаш.

Македонија веќе нема генерации за губење и затоа за овој Договор граѓаните ќе го имаат последниот збор.

На референдум, согласно законите и Уставот, граѓаните ќе кажат ДА за обезбеден и гарантиран македонски идентитет, ДА за целосна интеграција во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина.

Скопје, 17.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

 

Последни вести