Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не го осуди вчерашното насилство пред Собранието, ниту пак спомна нешто за нападите од насобраната толпа кон новинарите, снимателите и кон полицајците коишто го одржуваа јавниот ред и мир и се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ не го осуди ниту говорот на омраза, навредите и провокациите кон граѓани, кон новинари, кон различни етнички заедници.
Повиците на ВМРО-ДПМНЕ се крајно лицемерни и сами по себе контрадикторни. Токму оваа партија преку нејзината реторика со години ги подгрева тензиите, создава атмосфера на конфликт, вештачки поделби и шири лажни вести.
ВМРО-ДПМНЕ треба да ја напушти оваа матрица и да го осуди насилството, говорот на омраза, нападите кон полицијата и новинарите што синоќа се случуваа пред Собранието.
Правото на протест и јавно искажан став е загарантирано, но не смее да постои говор на омраза, навреди и повици за насилство туку на демократски начин секој да го изразува мислењето.
Македонија тргна напред, живееме слободно, поврзани со светот, градејќи демократско и економски развиено општество за сите.
Скопје, 18.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА