fbpx

Конфузија во ВМРО-ДПМНЕ откако јавноста виде дека Мицкоски лаже

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Тотална конфузија владее во ВМРО-ДПМНЕ откако јавноста виде дека Христијан Мицкоски лаже за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски.

Јавно објавени документи потврдуваат дека Мицкоски, додека му бил советник на Груевски земал пари од Буџетот и ги чинел граѓаните околу 2 милиони денари. Сосема спротивно од тврдењето на Мицкоски на ТВ дуелот дека работел про боно односно без надомест.

Во очаен обид да го одбрани она што не се брани, конфузното ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе се заплетка во сопствените лаги.

Јасно е дека ангажманот на Мицкоски граѓаните ги чинел околу 2 милиони денари.

Нејасно е што сака ВМРО-ДПМНЕ да демантира кога потврдуваат дека Мицкоски земал пари од граѓаните, што значи и потврда дека Мицкоски лаже.

Или за ВМРО-ДПМНЕ 2 милиони денари, пари на граѓаните, се про боно?

Христијан Мицкоски треба да им се извини на граѓаните за оваа лага, да им се извини за сите советувања за погубните политики на Груевски коишто граѓаните ги чинеле речиси 2 милиони денари.

 

Скопје, 05.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

Последни вести