fbpx

Манчевски меѓу граѓаните на Новаци: Инвестициите носат повеќе пари, заедно ја градиме Македонија како просперитетна земја за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, беше меѓу граѓаните на Новаци. На средбите и отворената граѓанска трибина се разговараше за спроведувањето на реформите и мерките од програмата коишто обезбедуваат подобар живот за сите граѓани, носат повеќе пари во земјоделството, повисоки плати и економски раст.

„Ја активиравме спирата на покачување на платите и сега 90 илјади наши сограѓани земаат поголема плата. Свесни сме дека тоа не е доволно и со серија на мерки продолжуваме да го стимулираме растот на платите. Повисок животен стандард за граѓаните е наш приоритет. Потврда за успешноста на мерките коишто ги спроведуваме е обезбедениот прилив на 235 милиони евра директни странски инвестиции во Македонија во првите три месеци од оваа година. Тоа е рекордно најмногу во спореба со 12 години наназад. Тоа значи дека бизнис климата е стабилна и економијата се развива. Знаеме сите, инвестициите носат повеќе пари и можност за нови работни места.“ рече Манчевски.

Граѓаните од општина Новаци кои се занимаваат со земјоделство ги поздравија политиките коишто обезбедуваат повеќе пари и враќање на достоинството на земјоделците и нивните семејства.

Манчевски акцентираше дека со промените во изминатата година Владата предводена од СДСМ обезбедила 424 грантови за младите земјоделци од по 10 илјади евра за започнување на сопствен бизнис а со повратот на персоналниот доход повеќе пари остануваат кај над 65 илјади земјоделци.

„Исплатата на субвенциите ја одблокиравме. Ги исплативме неисплатените субвенции за 2014, 2015 и 2016 година. За 2016 година за субвенции се исплатени 110 милиони евра, на 94 илјади земјоделци. За прв пат навремено се исплатени субвенции за 2017 година согласно законскиот рок. Дополнително воведовме зелена нафта, со што обезбедуваме 5 милиони евра да останат назад кај граѓаните, кај земјоделците“ додаде Манчевски.

Раководството на СДСМ ќе продолжи со средбите со граѓаните и поддржувачите низ целата држава. СДСМ како одговорна партија постојано го слуша гласот на граѓаните и ги следи нивните потреби.

 

 

 

 

Последни вести