fbpx

Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Првото прашање кое се наметнува кога ќе се разгледа законското решение коешто е предложено, за измени на Законот за државна управа е практично дека се работи за измени кои се мотивирани од желбата да се олесни политичкиот пазар за полесно креирање на владина коалиција и за носење на други закони со двотретинско мнозинство. Политички мотиви за политички пазар, рече претседателот на СДСМ и пратеник, Димитар Ковачевски во македонското Собрание во рамки на синоќешната дебата во врска со предложениот закон за зголемување на бројот на министерства, односно реорганизација на државната управа.

Предизборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беше намалување на бројот на министерствата а сега имаме предлог за нивно зголемување, додаде Ковачевски.

-Се прави површно и паушално. Ваков сложен, системски закон кој треба да се носи во редовна постапка, со анализи, со проценка на ефектите, од финансиски и кадровски аспект, сега се носи по скратена постапка, без соодветните анализи за што реагираа и невладини организации и без буџетски импликации, рече Ковачевски.

Законот не допира неколку важни прашања кои се однесуваат на оваа сфера. Организацискиот систем, што овој закон не ги третира институциите формирани со посебни закони, не го олеснува буџетирањето туку напротив, го прави посложено со нови 4 министерства. Не се унапредуваат линиите на отчетност, нема критериуми, а наместо да се намали се зголемува бројот на државната управа. Не се опфатени функциите на вклучените министерствата и нивна рационализација. Воопшто не се водело ниту сметка за поставеноста на Европска унија, затоа што вака нема да ја олесни работата со европските институции. Значи нема да се постигнат основните цели со еден ваков закон, рече Ковачевски.

Последни вести