fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите ветувајќи поништување на договорите со соседите, очекувам да го спроведат тоа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ де факто го прифати Преспанскиот договор, а сега малку глумат со тоа што усмено не го користат името, ама писмено низ пишаните документи го користат. За мене е многу поважно, посуштински она што беше понудено пред изборите, а тоа е ревидирање на Прееспанскиот и Охридскиот договор, договорот за добрососедство со Бугарија и ревидирање на преговарачката рамка. Врз основа на ова тие ги добија изборите. Оттука очекувам тоа и да го спроведат.

Ако вие создадете документ во кој ќе се наведе што не се почитува од другата страна и ќе најдете решение како да се почитува, јас како пратеник тоа ќе го поддржам, тука немаме разидување.

По изјавите на мандатарот очигледно е дека се прифаќа Преспанскиот договор, а за понатамошниот концепт ќе треба да почекаме мандатарот да го објави заедно со следните постапки.

Последни вести