fbpx

Костадиновска Стојчевска: Сè погазија, до пладне мандатарот зборува против ДУИ, попладне седнува со нив и се договора

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека приказните на ДПМНЕ за прераспределба на јавната администрација паѓаат во вода, а заложбите за поефикасна администрација не им се вистинска цел, туку само задоволување на партиските математики и апетитие на ДПМНЕ и нивните коалициони партнери.

Целата реторика на ДПМНЕ 7 години беше ДУИ во опозиција и си го погази тоа. Ја видовме старата љубов на ДПМНЕ и ДУИ како дојде на сцена и тој закон се изгласа со ново мнозинство, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека законот го потпиша претседателката на државата, иако во 2019 тврдеше дека не треба да има повеќе од 14 министри, а сега има 20 министри, заменици, државни секретари.
Костадиновска Стојчевска нагласи дека реториката ДУИ во опозиција со која ДПМНЕ, освои 58 пратеници сега се релативизира, си даваа млека, кекси, гурабии, и одеднаш ад-хок комисија.

До пладне мандатарот зборува против ДУИ, попладне седнува со нив и се договора, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 Костадиновска Стојчевска.

Последни вести