Соопштение за јавност
Има толку многу скандали за власта, во многу краток временски период што досега тоа е невидено.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги од нивната партиска говорница, која е претворена во мегафон за дезинформации. ВМРО-ДПМНЕ имаат насушна потребата да го пренасочат вниманието од своите скандали, но на ваквите измислени приказни не верува никој.
Николовски веќе ги демантираше невистините кои што ги објави Трипуновски а денеска ги фабрикува ВМРО-ДПМНЕ. Транспарентна и законска работа на Николовски, успешните земјоделски политики не може да се извалкаат со монтирани конструкции.
Наместо да ја користи партиската говорница за сеење лаги и измислени скандали против опозицијата ДПМНЕ да побара одговорноста од владините функционери фатени во кршење на законите.